Свет

Речиси 48 милиони туристи ја посетија Турција оваа година

Речиси 48 милиони туристи ја посетија Турција оваа година

Турција од јануари до крајот на ноември годинава пречека вкупно 47,601 милион туристи, покажуваат податоците на турското Министерство за култура и туризам, цитирани од Anadolu Agency.

За истиот период Турција ја посетиле 42,164 милиони странски туристи, што е раст од 84,77 отсто во однос на истиот период од претходната година.

Во ноември, бројот на странски посетители порасна за 44,64 отсто на годишно ниво, достигнувајќи 2,551 милиони луѓе.

На прво место е Германија со 5.481 милиони туристи кои ја посетиле Турција, Русија е на второ место со 4.945 милиони и на трето Велика Британија со 3.301 милиони луѓе. Следни се Бугарија и Иран.

Само во ноември Турција ја посетиле најмногу туристи од Русија – 312.486. Втора е Бугарија со 232.709 туристи, а трета Германија со 207.340 туристи кои отпатувале во Турција.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни