Денеска (01.11.2026) во 05:30 часот во СВР Скопје, К.П.(76) од скопско, пријавил дека на 31.10.2026 околу 21:15 часот во неговиот дом бил физички нападнат од две лица кои ги познавал.
Притоа, едно од лицата го удрило со кундак од огнено оружје, по што двајцата му одзеле пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.