Свет

20 лица загинаа во пожар во илегален дом за стари лица во Сибир

20 лица загинаа во пожар во илегален дом за стари лица во Сибир

Дваесет лица загинаа во пожар во илегален дом за стари лица во Сибир (Русија), јави ТАСС. Повикувајќи се на Министерството за вонредни ситуации. Уште двајца од домот за стари лица во градот Кемерово се во тешка состојба, а четворица се отпуштени на домашно лекување.

Пожарот зафатил површина од 180 метри квадратни и изгоре цел кат од домот, за кој властите велат дека е нелегален.

Пожарот сега е изгаснат. Спасувачите го расчистуваат шутот на температури од минус 20 степени. Објектот се наоѓаше во двокатна дрвена зграда со греење на шпорет. Целосно изгоре вториот кат каде живееле постарите.

Обвинителството на регионот Кемерово започна истрага за инцидентот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни