Американскиот претседател Џо Бајден и неговата сопруга Џил Бајден ја посетија Националната детска болница во петокот пред Божиќ за да се сретнат со малите пациенти и да им прочитаат приказна, објави Асошиејтед прес.
Седнат пред украсената елка, претседателот и помогна на првата дама додека ја читаше „Денот на снегот“, приказна за момчето по име Питер и неговите авантури на снегот. Наградената книга е напишана пред 60 години од писателот и илустратор за деца Езра Џек Китс, забележа АП.
Посетата на Џил Бајден ја продолжува речиси 80-годишната традиција која датира од времето на Бес Труман (сопругата на 33-от американски претседател Хари Труман) – првите дами им носат празнично веселба на децата премногу болни за да бидат дома на Божиќ.
Минатата година, претседателот Џо Бајден одлучи да и се придружи на својата сопруга, што е прва ваква посета на актуелниот претседател. Пред да замине, Џо Бајден ги охрабрил родителите на болните деца и ги уверил дека „се ќе биде во ред“.