Македонија

Еве кои пејачи ќе настапат на новогодишната ноќ во Скопје

Еве кои пејачи ќе настапат на новогодишната ноќ во Скопје

Се чини Скопје оваа година ќе ужива во богата новогодишна програма.

Имено, според неофицијални информации на Инфомакс на Плоштадот “Македонија” во Скопје ќе настапат познати македонски пејачи и бендови.

Според нив, вечерта ќе настапат групите “Дупер” и “Сауд Парк”, бендот и неколку пејачи од “Мерак меана” и пејачката Елена Ристеска.

Покрај нив, програмата ќе ја збогатат и Ристо Самарџиев и Ферус Мустафов.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни