Македонија

МВР тврди: Патувањето на заменикот министер Буши не е платено од МВР и е во приватни цели

МВР тврди: Патувањето на заменикот министер Буши не е платено од МВР и е во приватни цели

Од кабинетот на заменик министерот Назим Буши реагираат на веста дека тој бил сместен во претседателски апартман во хотел во Истанбул.

Од таму велат дека станува збор за приватно патување во Истанбул реализирано есента 2020 година за медицински цели за член на семејството, односно во врска со интервенција закажана неколку месеци пред назначувањето на Буши како заменик министер.

„Притоа, напоменуваме дека лицата за време на престојот биле гости на пријател на семејството кој се погрижил околу нивното сместување“, се додава во соопштението

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни