Свет

Орбан сака распуштање на Европскиот парламент и да нема директен избор на пратеници

Орбан сака распуштање на Европскиот парламент и да нема директен избор на пратеници

Премиерот на Унгарија, Виктор Орбан, смета дека Европскиот парламент треба да го формираат пратеници од националните парламенти на земјите членки на ЕУ, а не директно да се избираат. Во интервју објавено денеска за весникот „Модијар Немзет“, унгарскиот премиер рече дека предлага да се распушти Европскиот парламент во врска со корупцискиот скандал во институцијата и да се формира на поинаков начин, пренесе ТАСС.

Орбан потсети дека пред извесно време унгарскиот парламент предложи законодавното тело на ЕУ да биде формирано од претставници на националните парламенти и рече дека „дојде време да се обнови овој предлог“. Тој претходно изјави дека ваквата промена ќе помогне да се врати довербата во европратениците и да се зајакне нивната одговорност.

Тој беше прашан за корупцискиот скандал во кој е вмешана поранешната потпретседателка на Европскиот парламент, Ева Каили.

„Бирократите во Брисел мислат дека се над законот и можат да прават како што сакаат. можна поддршка за напади на земји кои се мешаат во деловните интереси на Сорос, вклучително и Унгарија“.

Според Орбан, за таа цел се користат „извештаи засновани на лаги“, а понекогаш и „куфери полни со готовина“. „Ова (корупција, забелешка ТАСС) мочуриште мора да се исцеди“, смета тој.

Во врска со тврдењата на Европската комисија кон Унгарија и замрзнувањето на средствата од европските фондови за оваа земја, Орбан изјави дека проблемот лежи во визијата на Унгарците за нивната иднина, која е различна од онаа на луѓето во повеќето земји од Западна Европа. „Ние не сакаме да бидеме земја на имигранти, не сакаме да пуштаме родови активисти во училиштата, не сакаме да го укинеме нормалниот поредок во семејствата, не сакаме војна или санкции и сакаме да да ги зачуваме нашите односи со незападната половина од светот“, рече унгарскиот премиер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни