Најмалку 27 лица се повредени при уривање на метални конструкции на една од трибините на спортскиот комплекс Хасан Мустафа во градот 6 октомври во близина на Каиро, јавува Ахрам онлајн.
Инцидентот се случил синоќа за време на кошаркарскиот натпревар од Суперкупот помеѓу екипите на Ал-Ахли (Каиро) и Ал-Итихад (Александрија).
Натпреварот беше прекинат поради инцидентот. Египетското Министерство за здравство соопшти дека во евакуацијата на повредените биле вклучени 21 возило на брза помош.
Причина за уривањето на структурите на трибината се постапките на навивачите.
Спортскиот комплекс Хасан Мустафа беше отворен во 2020 година и оттогаш е домаќин на натпревари во повеќе спортови, вклучувајќи кошарка и ракомет.