Во возилото со кое излетал од патот кај Пирот вечерва бил пронајден мртов постар маж, хроничен срцев пациент. Засега нема информации за причината за смртта, а според директорот на Општата болница во Пирот, Горан Петровиќ, телото ќе биде испратено на обдукција, пишува Нова.рс.
„Станува збор за постар човек кој на службата за прием и нега и бил познат како кардиоболен. Дали поради овие настани го фатила паника и слетал, дали починал како последица на несреќата или вдишување амонијак ќе се знае по обдукцијата. Тој беше донесен во тешка состојба, но почина од шок“, изјави Петровиќ, цитиран од Нова.рс.
Тој додаде дека поради вонредните настани во Пирот, несреќата поминала незабележана и дека човекот можел да се спаси доколку претходно било забележано возилото во кое се наоѓал.
Петровиќ рече дека нивната здравствена установа лекувала вкупно 34 возрасни и три деца.