По е-маил утрово училишта во Скопје, Битола, Тетово, Прилеп и Струга добиле известување дека во нивното училиште се поставени експлознивни направи, дознава 4NEWS.mk
„Дo сега e пријавено дека на електронските адреси на училишта во Битола (до сега три училишта), Прилеп ( до сега две училишта), Тетово (до сега две училишта), Скопје (седум училишта) и едно училиште во струшко Подгорци е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите“, велат од МВР.
Во Скопје маил добиле гимназиите „Никола Карев“ и „Орце Николов“. Во Битола основното училиште „Стив Наумов“.
Екипи на полицијата се на терен, а учениците и вработените се евакуираат.