Македонија

„Бомбата е поставена ќе пукне за брзо, ќе има многу жртви“ – ова е пораката денеска испратена до училиштата

„Бомбата е поставена ќе пукне за брзо, ќе има многу жртви“ – ова е пораката денеска испратена до училиштата

Емрах Јусуфовски утрово во 9 часот и 32 минути го испраќа сигналот до повеќе основни училишта низ Македонија дека има поставено експлозна направа во објектот.

„Бомбата е поставена во школото. Ќе пукне многу брзо! Ќе има жртви, НЕ МЕ ПРАШУВАЈТЕ НИШТО ги избришав сите докази, ништо нема да признаам ова е поздрав од мене хохо“, пишува во е-маил пораката до која дојде 4NEWS.mk

Пораката е напишана на латиница, со лош и нелитературен македонски јазик.

На крајот има и поздрав од Дедо Мраз и неговите препознатливи зборови: „Хо, хо“.

Кој си игра со нервите и кој сее страв речиси секој ден во Македонија и натаму останува ингма. МВР досега поднесе само две кривични пријави за двајца малолетници кои наводно испраќале мејлови со закани за бомби. И двајцата ќе се гонат за кривично дело Тероризам.

Дојави за бомби во Скопје, Битола, Тетово, Прилеп, Струга…

Ноќно студио

Најнова епизода

Ноќно студио со Горан Минчев, министер за јавна администрација 24.09.2026

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни