Балкан

Делел бонбони за девојки, кондоми за момчиња – војник претепа Дедо Мраз во Славонски Брод

Делел бонбони за девојки, кондоми за момчиња – војник претепа Дедо Мраз во Славонски Брод

Припадник на хрватската војска е приведен на сослушување, бидејќи на Бадник нападнал момче облечено како Дедо Мраз и му нанел тешки телесни повреди.

Индицентот се случил во Славонски Брод, а осомничениот за напад ќе остане во притвор до одлуката на општинското државно обвинителство, пренесуваат хрватските медиуми.

Претходно, хрватското Министерство за одбрана потврди дека негов припадник бил еден од учесниците во тепачката во Славонски Брод на Бадник.

Полицијата сооошти дека во врска со индцидентот се уапсени четири лица на возраст меѓу 20 и 23 години.

Таткото на претепаниот Дедо Мраз изјави дека е потресен и оти се почнало од шега, бидејќи неговиот син делел бонбони на девојки и кондоми на момчиња.

„За учтивост, на девојчињата им даваше бонбони, на момчињата кондоми, на шега“, вели таткото.

„Тоа е траума за секој родител и дете. Тешко е да се доживее. Сочувствувам со сите родители кои претрпеле такво нешто. Немам контакт со напаѓачот и не сакам да го имам. Не сакам да осудете го, има судство што ќе си ја заврши работата“, додаде таткото.

Претепаниот млад човек вели дека му е жал.

„Не е важно што направив, падна во вода, нема да се повтори и тоа е тоа. Жал ми е за се што се случи и не знам што друго да кажам. Не би сакал да се повтори. Навистина не се чувствувам најдобро и тоа е тоа“, вели Кристијан Ереиз.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни