Балкан

Во Пирот се уште е вонредна состојба

Во Пирот се уште е вонредна состојба

Српските власти ја продолжуваат истрагата за железничката несреќа кај Пирот и вонредната состојба во градот се уште не е укината. Товарниот воз што превезувал амонијак се свртел на 25 декември. Четири цистерни излетале од шините и завршиле во провалија во близина на реката Нишава, а според компанијата сопственик на товарот истеколе најмалку 20 тони амонијак.

Две лица загинаа, а поради облакот амонијак десетици побарале лекарска помош.

Се уште не е јасно што ќе покажат мерните станици утрово. Вчера покажаа дека нема истекување на амонијак во воздухот.

Во моментот на излетувањето од шините возот го управувала Српската железница на територијата на Србија и нема начин како да се преземе одговорност од бугарска страна.

Според бугарски железнички експерт, во моментов токму на овој дел од железничката пруга на соседна Србија треба да се санираат шините и објектите.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни