Свет

Војна во зима: И Украина и Русија со ултиматуми да седнат на маса

Војна во зима: И Украина и Русија со ултиматуми да седнат на маса

Новите прекини на струја оставија речиси 9 милиони луѓе во мрак низ целата земја, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски. Во исто време, во Донбас продолжуваат тешките борби.

Во епицентарот на непријателствата на исток останува Бахмут, кој руските сили се обидуваат да го заземат. Властите известија дека повеќе од 60 отсто од градската инфраструктура е делумно или целосно уништена.

Според претседателот Зеленски, ситуацијата на фронтот е крајно „комплицирана“.

Украинскиот министер за надворешни работи вчера изјави дека Киев сака да организира мировен самит во Обединетите нации до крајот на февруари, но Русија може да биде поканета само ако прво се соочи со суд за воени злосторства.

Со ултиматум одговори и рускиот министер за надворешни работи. Сергеј Лавров рече дека Украина мора да ги прифати предлозите на Москва, вклучително и предавање на окупираните територии, а ако не го стори тоа, руската армија „ќе го реши проблемот“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни