Речиси 2.000 туристи се евакуирани од античкиот град Петра поради големата поплава во Јордан. Обилните дождови во земјава предизвикаа неколку тешки сообраќајни несреќи.
Три лица загинаа откако автобус се превртел на земјен пат. И покрај опасните услови и предупредувањата на властите во Петра, десетици туристи решија да направат импровизиран рафтинг во чамци за евакуација. Се уште не е јасно дали се казнети, но некои ги опишаа нивните постапки како „неодговорни“.