Свет

Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија речиси една година откако беше депортиран

Новак Ѓоковиќ се врати во Австралија речиси една година откако беше депортиран

Новак Ѓоковиќ денеска се врати во Австралија, речиси една година по драмата на неговото депортирање пред локалното грен слем тениско првенство. Причината беше тоа што Србинот не ја примил задолжителната вакцинација против Ковид-19.

Австралиските медиуми јавуваат дека авионот на Ѓоковиќ слетал во Аделаида, каде што ќе игра на турнир кој започнува на 1 јануари. Годинава вакцинацијата за посетителите на Австралија не е задолжителна.

„Верувам дека навивачите добро ќе одговорат и ќе покажат почит кон Ѓоковиќ. Имаме високообразована спортска публика, а јас конкретно зборувам за луѓе кои гледаат и сакаат тенис“, изјави директорот на Австралија опен, Крег Тајли.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни