Свет

Бројот на жртвите од поројните дождови и поплавите на Филипините се искачи на 25

Бројот на жртвите од поројните дождови и поплавите на Филипините се искачи на 25

Бројот на жртвите од поројните дождови и поплавите што зафатија делови од Филипините за време на божиќниот викенд достигна 25, соопшти денеска филипинската агенција за управување со вонредни состојби.

Според податоците на службата, 26 лица исчезнале без трага.

Речиси 400.000 луѓе беа погодени од катастрофата, а околу 81.000 беа сместени во центрите за евакуација. Девет лица се повредени, соопшти Националниот совет за намалување на ризикот од катастрофи и управување со вонредни состојби.

Шеснаесет од вкупно 25 смртни случаи се регистрирани во северниот дел на вториот по големина филипински остров Минданао, а 12 од 26 исчезнати се од источниот регион Бикол, соопшти Советот.

Причина за дождовите е контакт на топол и студен атмосферски фронт, соопшти филипинската метеоролошка служба.

Поплавите оштетија 1.196 куќи, делници од 123 патишта, како и 12 мостови. На некои места нема струја и вода за пиење.

Метеоролошката служба предупреди дека постои можност повторно да врне дожд во погодените области, што може да предизвика дополнителни поплави и одрони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни