Украина стана „еден од лидерите на слободниот свет“, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Му помогнавме на Западот повторно да се најде себеси и да почувствува колку преовладува. Таму веќе никој не се плаши од Русија“, рече тој пред парламентот, пренесе АА.
Тој повика на реформи во постоечките меѓународни организации кои „треба да гарантираат мир, но не можат да го сторат тоа“, за создавање на суд за Русија и за нови безбедносни гаранции за Украина.
Зеленски рече дека Украина е блиску до победата за која сонувала со генерации, и покрај руските напади врз нејзината енергетска инфраструктура, и истакна дека украинската армија ја вратила контролата врз повеќе од 1.800 градови и села.
Тој изјави дека бројот на сателити Starlink кои работат во интерес на Украина наскоро ќе достигне 30.000.
Зеленски рече дека главната цел е да се врати територијалниот интегритет на Украина и да се ослободат сите воени заробеници, истакнувајќи дека од почетокот на војната се вратиле 1.456 затвореници.
Тој изјави дека повоената обнова на Украина ќе биде „најголемиот економски проект во Европа“. Целата територија мора да биде обновена, а приоритет ќе имаат компаниите кои работеле во Украина за време на војната.
Друга цел е репатријација на бегалците, додаде тој.
Тој, исто така, индиректно предупреди дека репресијата врз Украинската православна црква ќе продолжи поради нејзините врски со Русија.