Зголемената борбена готовност беше најавена поради ситуацијата на северот на Косово.
Состојбата на зголемена борбена готовност на српската армија денеска е откажана по наредба на претседателот и врховен командант на вооружените сили Александар Вучиќ, јави Танјуг.
Висока тревога беше прогласена на 26 декември поради ситуацијата во северно Косово. Тогаш Вучиќ како врховен командант на српската војска наредил војската и сите единици на МВР да се стават на највисоко ниво на борбена готовност.