Шефот на бугарската државата Румен Радев на 3 јануари ќе го врачи вториот мандат за состав на кабинет, соопшти во четврток Претседателството.
На состанокот на „Дондуков“ 2 во 12:00 часот по македонско време папката ќе ја прими кандидатот-премиер академик Николај Денков, чија номинација ја пренесе втората по големина пратеничка група во 48. Народно собрание – таа на „Продолжуваме со промена“.