Балкан

Хакерска група му се заканува на српскиот претседател Александар Вучиќ

Хакерска група му се заканува на српскиот претседател Александар Вучиќ

Хакерската група „Анонимуси“, позната по бројните акции ширум светот, денеска му се закани на претседателот на Србија, Александар Вучиќ дека доколку не ги прекине „акциите на Косово“, народот на Косово нема да остане без поддршка, Јави Танјуг.

Во видеото објавено на социјалната платформа Твитер од страна на налогот Anonymous Tv со украинско знаме, групата испрати порака до претседателот Вучиќ.

„Ако не ги прекинете опасните акции на Косово, народот на Косово нема да биде без поддршка. Ние сме анонимни. Ние сме легија и не простуваме. Не забораваме. Очекувајте не“, се вели во пораката.

Во видео-пораката зборува човек облечен во маска и изменет глас, кој тврди дека „автократскиот претседател на Србија, кој е марионета на Владимир Путин, се обидува да го дестабилизира регионот користејќи механизми на насилство и терор на воениот злосторник (поранешен претседател на Србија) Слободан Милошевиќ“. Но, познато е дека сите овие обиди се самоубиствени за него“.

„Во екот на војната во Украина, Србија е единствената земја која официјално го прогласи својот сојуз со Русија, отфрлајќи ги постојаните повици на Западот да се приклучат на санкциите на ЕУ (против Русија)“, додаде маскираниот претставник на Анонимус.

Според хакерската група, Вучиќ ја уништува регионалната стабилност и го загрозува територијалниот интегритет на Косово со желбата да ги врати српските војници во пограничните области на Косово.

„Поттикнувањето на насилството, нападите врз новинарите, полицијата, Косово и меѓународните институции, како и поставувањето барикади (…) е дел од стратегијата на (српската) влада да (…) ги земе Косово и регионот како заложници на реториката од минатото, “, се вели и во видеото.

Анонимуси се закануваат дека нема да останат рамнодушни на настаните и нивната реакција ќе биде „решителна и непосредна“.

„Ние не сме мала и немоќна група што треба да се игнорира, ние сме организиран светски активен колектив на истомисленици и нашата порака е јасна“, се вели во описот на видеото на Твитер.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни