Балкан

Во Атина се подготвуваат 7 тони пита

Во Атина се подготвуваат 7 тони пита

Во градот Перистери во близина на грчката престолнина Атина за новогодишната ноќ планирано е да се направат пити тешки повеќе од 7 тони, јавува ТВ Скај.

Локалниот сојуз на пекари и општина Перистери годинава имаат амбиција да ја направат најголемата новогодишна пита која ќе има над 50 илјади парчиња, во кои ќе се кријат парички за среќа. Питата ќе им биде поделена на сите што ќе се соберат на новогодишната прослава пред градското собрание.

За лебот ќе се користат 4 тони брашно, 2 тони маслиново масло, 1 тон шеќер, 500 кг шеќер во прав, 50 кг прашок за пециво, 2000 јајца, 1500 портокали, 50 кг коњак и 4 кутии ванила. .

Општина Перистери има традиција да прави џиновски новогодишни пити. На крајот на 2019 година, локалните пекари подготвија пита тешка повеќе од 5 тони.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни