Свет

Стана јасно кога ќе биде погребот на Пеле

Стана јасно кога ќе биде погребот на Пеле

Легендарниот бразилски фудбалер Пеле ќе биде погребан на 3 јануари, објави официјалниот сајт на неговиот матичен клуб „Сантос“.

Ден претходно телото на Пеле, кој почина на 29 декември, ќе биде донесено од болницата каде што го заврши земното патување до стадионот Вила Белмиро во Сао Паоло.

Церемонијата на збогување со одличниот фудбалер ќе започне во 10 часот по локално време и ќе трае точно еден ден. Ќе биде отворено за сите, но оние кои сакаат да се збогуваат со Пеле нема да смеат да се приближат до ковчегот.

После тоа низ улиците на Сао Паоло ќе тргне поворка со телото на кралот на фудбалот, која ќе се упати кон споменикот „Универзална некропола“, каде ќе се одржи и самиот погреб. Ќе помине низ населбата во која живее 100-годишната мајка на Кралот.

Церемонијата ќе биде отворена само за неговото семејство и најблиските пријатели.

Бразил официјално прогласи 3 дневна жалост за Пеле, почнувајќи од 1 јануари.

Пеле е единствениот трикратен светски шампион во историјата на фудбалот (1958, 1961, 1970).

На клупски план настапува за Сантос и американскиот Космос (Њу Јорк), а во репрезентацијата е рекордер заедно со Нејмар кој годинава го постигна својот 77 гол на Светското првенство во Катар.

Пеле е запишан во Гинисовата книга на рекорди како автор на 1279 голови.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни