Македонија

Папата Бенедник велеше: Македонија може да и понуди на Европа богато духовно и културно наследство

Папата Бенедник велеше: Македонија може да и понуди на Европа богато духовно и културно наследство

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина на 95-годишна возраст, јавија Ројтерс и ДПА.

Папата Франциско во средата рече дека неговиот претходник папата Бенедикт е „многу болен“ и повика на молитви за 95-годишниот поранешен папа. Денеска Ватикан ја потврди неговата смрт.

Но, што велеше овој папа за Македонија?

Според него, Македонија може да и понуди на Европа богато духовно и културно наследство, односно Македонија и Македонците имаат богато историско, духовно и културно наследство што можат да и го понудат и пренесат на Европа. Соработката, пак, меѓу различните религии и внатрешната кохезија можат да ја направат земјата пример за другите региони.

Вака папата Бенедикт 16. говорел на средба во Ватикан со македонскиот амбасадор при Светата столица Ѓоко Ѓорѓиевски.

Како што пренесува Католичката новинска агенција – ЦНА, папата искажал голема почит за културното и духовното наследство на Македонија и надеж оти ќе продолжи со зацрвстувањето на културната и духовната сила.

Поглаварот на Римокатоличката црква оценил дека „човечките и христијанските вредности се составен дел од животот на Македонците и бесценетото духовно и културно наследство на нацијата и оти стоејќи цврсто на својот духовен идентитет, Македонците ќе можат да им понудат и пренесат на Европејците дел од своето искуство“.

Папата Бенедикт 16. искажал и поддршка за македонската евроинтеграција.

Тој изразил надеж дека Македонија „ќе стане дел од ЕУ без да ги загуби своите духовни и човечки вредности“.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни