Македонија

Еве каква временска прогноза не очекува на првиот ден од 2023 година

Еве каква временска прогноза не очекува на првиот ден од 2023 година

Во најголем дел од земјава сончево со мала до умерена облачност. Претпладне по одделни котлини и долж Повардарието ќе има појава на магла или ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Скопје претпладне со магла и ниска облачност, кои преку денот делумно ќе се намалат. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 9 степени.

Продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со релативно високи дневни температури. По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, и понатаму ќе има појава на магла и ниска облачност со променлив интензитет, особено во ноќните и претпладневните часови, како и пониски дневни температури. Во среда ќе дува умерен северозападен ветер, што ќе ги намали условите за магла.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни