Популарниот турбо фолк пејач Аца Лукас синоќа имал предновогодишен концерт во ноќен клуб во Охрид, но за жал иако најавуван подолг период, сепак гостите си заминале разочарани, пишува Фокус.
Имено, тој испеал неколку песни, а подоцна се повлекол зад сцената бидејќи му се слошило.
Публиката го очекувала да се врати, но тоа не се случило, а неофицијално, пејачот побарал медицинска помош.
„Плативме 9.000 денари за коњопој со шише алкохолен пијалок. Аца испеа неколку песни и си замина, ова е големо разочарување“ – коментираат дел од гостите.
Засега нема информации дали Лукас повторно ќе одржи концерт во истиот клуб, ниту пак дали оние кои веќе платиле влезници, истите ќе можат да ги искористат за друг концерт.