Македонија пат информира дека сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Намалена видливост поради магла 20–30 м има на патен правец Тетово – Групчин, додека на патните правци Битола-Прилеп,М.Брод-Кичево,Скопје-Куманово и Скопје-Велес видливоста е над 50 м.
На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
ЈП Македонијапат апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.