Македонија

Првото бебе во Прилеп е женско

Првото бебе во Прилеп е женско

Женско е првото бебе што се роди во Новата Година во Прилеп. На среќната мајка Емилија Златеска ова и е второ дете. Првото бебе на гинеколошкото одделение во прилепската болница се роди во 4,22 часот на 1 јануари. И мајката и бебето се чувствуваат добро.

Со најдобри желби за здравје, мајката и првото бебе ги посети прилепскиот градоначалник Борче Јовчески. Од име на градот, Јовчески на првото бебе му дари штедна книшка со 15 000 денари и пригодни подароци

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни