Премиерката на Нов Зеланд Џасинда Ардарн потврди дека меѓу загинатите во вчерашниот терористички напад на двете џамии, има и деца и жени.
– Ранетите се од мали деца до возрасни луѓе. Меѓу нив има мажи, жени и деца како меѓу загинатите, така и меѓу ранетите – рече Ардарн.
Таа пофали неколку полицајци кои што спречиле продолжување на нападот. Напаѓачот ќе биде во притвор до април, кога против него ќе почне судски процес Врховниот суд во Крајстчрч.