Македонија

Внимавајте: Шета низ Скопје и се преправа дека е од САД – бара пари од граѓани, но доколку не добие можно е и да нападне!

Внимавајте: Шета низ Скопје и се преправа дека е од САД – бара пари од граѓани, но доколку не добие можно е и да нападне!

На социјалните мрежи кружи апел за граѓаните да бират внимателни.

Се работи за лице кое шета низ Скопје преправајќи се дека е американски државјанин и дека е поврзан со амбасадата.

„Оваа личност шета низ Скопје преправајќи се дека е Амерички државјанин и дека е поврзан со амбасада. Знае да пријде и да каже дека е ограбен и бара пари или бара најблиска протестантска црква за која ќе ви побара пари. Ништо од тоа не е вистина затоа ако случајно ви пријде не му давајте пари и под никој случај не му давајте телефон без разлика на што да ви каже. Се шета најчесто со рагби топка и капа од рагби тим. Ако не му се исполни барањето можно е и да нападне затоа избегнувајте го по секој случај!!!!!!!!!“, пишува на апелот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни