На социјалните мрежи кружат фотографии од полициска станица во Македонија, која изгледа како напуштен објект.

Се работи за полициска станица за граничен надзор „Чашка“ при РЦ Север.

„Ова на сликите не е напуштен објект, туку Полициска Станица за Граничен Наздор ,,Чашка” при РЦ Север. Во овој објект колегите работат во суб стандардни услови во кои во месец Јануари немаат греење, а немаат ниту врата…“, велат од Независниот синдикат на полицијата.
