Македонија

Болните од рак во Македонија на Фејсбук бараат терапија

Болните од рак во Македонија на Фејсбук бараат терапија

Болните од рак во Македонија по друштвените мрежи испраќаат апели за да се снаоѓаат меѓу себе со терапија, која е итна и неодложна.

Здравствениот систем е нефункционален, вака пред некој месец рече премиерот Димитар Ковачевски додека беше во посета на Градската општа болница „8-ми септември“. Како да ние не знаевме или не сме осетиле дека системот не чини, па премиерот мораше да го каже тоа. А кој е системот? Системот е тој, министерот за здравство, цела Влада.

Имаме врвни доктори, но не и систем, ги видов проблемите додека од рак се лекуваше член од семејството, рече премиерот Ковачевски

И пациентите со цистична фиброза се оставени сами на себе. Исто така бараат итна терапија. Протестираа и пред Министерството за здравство, но до денес никој не презеде ништо.

Додека чекаме системот да се опорави, господ да е на помош.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни