Македонија

ВИДЕО: Вработен во Основен суд – Штип се самоубил на работното место – споделени детали

ВИДЕО: Вработен во Основен суд – Штип се самоубил на работното место – споделени детали

Самоубиство во Основен Суд Штип. Според неофицијални информации, вработениот во чуварската служба, кој ноќеска бил ноќна смена со пиштол си го одзел животот на работното место, објави локалната телевизија М НЕТ.

Утринава настанот бил пријавен во полиција. Била повикана екипа за интервенција од ТППЕ Штип.

Во моментот на лице место се полициски службеници од СВР Штип, а се чека и Јавен обвинител.

Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.

ЗАБЕЛЕШКА: Редакцијата на 4NEWS.mk не известува за случаи на самоубиство, поради претходно поставените етички критериуми во нашето известување. Во овој случај, редакцискиот колегиум одлучи дека треба да се известува за овој настан поради големиот јавен интерес.
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни