Македонија

Меџити: Османи и Груби беа последните војници на Груевски

Меџити: Османи и Груби беа последните војници на Груевски

„Огнените“ бевме клучен фактор кога ДУИ требаше да се отцепи од Никола Груевски и да се ориентираме кон нова коалиција со Зоран Заев, да се промени името, да бидеме дел од НАТО. Тогаш дебата про и контра тоа беше меѓу мене и Артан Груби и Бујар Османи, тие беа последните војници на Груевски, вели Изет Меџити од ДУИ, во интервју за Радио Слободна Европа.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, пак во своето обраќање на трибината во Чегране, алудирајќи на барањата и потезите на „огнената група“, истакна дека не може да му се наметнува ултиматум или програмска линија со платформи бидејќи за нив одлучува конгресот, а дека тој само ги спроведува тие одлуки и одговара на ова највисоко партиско тело.

„Јас не сум пион во шаховските фигури, или сум командант и водач, или воопшто не сум. Немам лутина или омраза бидејќи ништо лошо не им се случило на моите пријатели и се трудев да бидам еднаков со сите. Така што, ДУИ никогаш не била посилна… ДУИ создаде институции кои никој не може да ги уништи“, посочи Ахмети.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни