Германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт поднесе оставка по постојаните критики за нејзината работа на програмите за воена модернизација и испораката на оружје на земјата за Украина, објави Асошиетед прес.
Во изјавата, Ламбрехт рече дека му ја поднела својата оставка на канцеларот Олаф Шолц, велејќи дека „месечното медиумско внимание на мојата личност“ спречило суштинска дебата за воената и безбедносната политика на Германија.
„Вредната и многу корисна работа на војниците и на многу луѓе во моето министерство мора да биде во преден план“, рече Ламбрехт.
Ројтерс истакнува дека одлуката на Ламбрехт да се повлече доаѓа во време кога Германија е под зголемен притисок да одобри зголемување на меѓународната воена поддршка за Киев. Поставени се и непријатни прашања за борбената способност на германската армија откако неколку пешадиски борбени возила Пума беа исфрлени од употреба за време на неодамнешната воена вежба.