Најмалку осум лица загинаа откако беа смачкани од лавина во градот Линџи во југозападниот регион на Тибет, јавија локалните медиуми.
Кинеското Министерство за управување со вонредни ситуации испрати тим за да помогне во потрагата и извлекувањето на телата од снегот.
Лавината погоди дел од патот помеѓу селото Паи во округот Мајинглинг и излезот од тунелот Доксонг Ла во округот Медог, заробувајќи луѓе и возила под праговите.
Во оваа фаза не е јасно колку луѓе се водат за исчезнати, а официјалните лица не соопштуваат дополнителни детали.
Локалните власти испратија 131 лице и 28 возила на местото на трагедијата.