Свет

Зеленски: Само оружјето ги спречува терористите

Зеленски: Само оружјето ги спречува терористите

Во своето редовно обраќање, Володимир Зеленски повторно повика на повеќе оружје против руската агресија.

„Секоја руска ракета против нашите градови, секое иранско беспилотно летало што го користат терористите се аргументи зошто е потребно повеќе оружје. Само оружјето ги неутрализира терористите“, рече Зеленски.

„Благодарам на сите наши единици кои ја покажуваат издржливоста што и е потребна на Украина со истрошеност и уништување на окупаторот. Колку повеќе Русија губи во оваа битка за Донбас, толку ќе биде помал нејзиниот вкупен потенцијал“, додаде украинскиот претседател.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни