Израел објави дека го напаѓа Појасот Газа откако од негова територија беа истрелани ракети врз израелска територија. Палестинската страна потврди дека имало израелски воздушен напад врз камп за обука на палестинското движење Хамас.
Засега нема извештаи за жртви од воздушниот напад.
Нешто порано израелската армија објави дека нејзиниот систем за противвоздушна одбрана пресретнала две ракети истрелани кон Израел од Појасот Газа.
Следната ескалација доаѓа откако во израелската операција на окупираниот Западен Брег загинаа девет Палестинци, од кои повеќето борци. Откако се врати на власт, премиерот Бенјамин Нетанјаху вети дека ќе дејствува цврсто против палестинските вооружени организации.