Свет

Инфлацијата „изеде парче од пицата“ на Италијанците, Маргарита скокна за 30%

Инфлацијата „изеде парче од пицата“ на Италијанците, Маргарита скокна за 30%

Инфлацискиот шок во Италија достигна сосема ново ниво и го погоди едно од најголемите богатства во земјата – пицата.

Основната улична храна во Неапол, скромната пица Маргерита, стана многу поскапа за правење, според индексот на пица Маргарита на Блумберг.

Тоа покажува дека цените скокнале за 30% во текот на минатата година, поради поскапите брашно, домати, моцарела и маслиново масло, објави bloombergtv.bg .

Италијанската влада обезбедува поддршка за сметките за гас и струја, но не може да ја спречи инфлацијата да го јаде своето парче од омилената пица во светот.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни