Еврото се задржа стабилно под прагот од 1,09 долари во утринската трговија денеска, објавија германските сајтови за финансиски информации.
Во меѓубанкарската трговија во Франкфурт еврото се тргуваше за 1,0860 долари.
Европската централна банка во петокот одреди референтна стапка од 1,0865 долари за евро.