Breaking Немало огноотпорни материјали, а на вратата за евакуација пишувало „не отворај, само за персонал“
Македонија

Пендиков не е Бугарин, додека еден од напаѓачите има бугарско државјанство!

Пендиков не е Бугарин, додека еден од напаѓачите има бугарско државјанство!

Христијан Пендиков, секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“, кој беше нападнат во Охрид, се дефинира како етнички Бугарин, но не е бугарски државјанин. За разлика од него, еден од неговите напаѓачи е бугарски државјанин и Бугарија треба да се позанимава со него, изјави бугарскиот пратеник од редовите на „Продолжуваме со промените“ и премиер во екс-владата на Кирил Петков – Даниел Лорер, во гостувањето на бугарската ТВ „Нова“.

„Господинот кој беше нападнат во Македонија не е бугарски државјанин. Тој се дефинира себеси како личност со бугарска самосвест. Бугарија пред сè мора да ги заштити своите граѓани. Меѓутоа, еден од оние што го нападнаа е бугарски државјанин. Зошто да не зборуваме за него? Што правиме во врска со него?“, рече Лорер, пренесува „Фокус“.

Тој истакна и дека Софија не треба да алоцира толку ресурси за човек кој не е бугарски државјанин. Бугарија мора пред сè да ги заштити своите граѓани, смета тој.

Истовремено, неговата оценка е дека тензијата меѓу Бугарија и Македонија е вештачка, односно дека прашањето се политизира и дека, како што порача, треба да им се даде време на македонските институции да го разрешат случајот.

Неговите изјави наидоа на бурни реакции во бугарската јавност.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни