Брисел со остра реакција за нападот на Христијан Пендиков во Охрид. Високиот комесар за надворешни работи на Европската унија – Жозеп Борел, објави дека остро го осудува нападот.
Борел во Брисел се сретна со министерот за надворешни работи на Македонија – Бујар Османи. Борел најави дека ваквите постапки се неприфатливи и се против основните принципи на Европската унија.
„Набљудуваме ескалација на тензијата меѓу Бугарија и Северна Македонија, со инциденти и провокации. Го осудуваме нападот во Охрид, како и властите во Скопје. Во исто време слушаме неприфатливи изјави од некои националистички политичари кои поттикнуваат омраза и поттикнуваат насилство. Ова може само дополнително да ја зголеми тензијата и не е соодветно за добрососедски односи“, изјави Жозеп Борел, висок претставник за надворешна политика на ЕУ.