Во живо Вонредно Ноќно студио 20:00 „Кризата со Алта Банка“ Гледај
Свет

Лајен: Во Хаг ќе биде отворен центар за истрага и собирање на докази за злосторствата во Украина

Лајен: Во Хаг ќе биде отворен центар за истрага и собирање на докази за злосторствата во Украина

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен денеска изјави дека во Хаг ќе биде отворен центар за истрага на злосторствата и собирање докази за акти на агресија во Украина.

– Центарот ќе го координира собирањето докази и ќе биде вклучен во заедничкиот истражен тим, кој е поддржан од нашата агенција „Еуроџаст“, наведе Лајен.

Таа е во официјална посета на Киев заедно со неколку високи претставници на ЕУ.

Меѓународниот кривичен суд во Хаг веќе ги истражува наводните воени злосторства и злосторства против човештвото поврзани со руската инвазија врз Украина. Кривичниот суд може да гони ако има доволно докази дека злосторството геноцид е извршено во Украина, но нема јурисдикција да гони за наводните дела на агресија извршени од Русија.

Според дефиницијата на ОН „акт на агресија“ е „инвазија или напад од вооружените сили на која било држава, територијата или која било воена окупација“.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни