Македонија

СДСМ: Не успеа вчерашното сценарио на Мицкоски и Апасиев

СДСМ: Не успеа вчерашното сценарио на Мицкоски и Апасиев

Институциите на системот и покрај сите предизвици, обезбедија достоинствено и гордо се оддаде почит за ликот и делото на македонскиот великан, визионер, револуционер, Гоце Делчев.

Граѓаните и државата не дозволија да се погази придонесот и значењето на Гоце Делчев, не дозволија да се повреди националната гордост и чувства на македонскиот народ, не дозволија злоупотреби за политичките валканици на агентите на хаосот.

Пропаднаа обидите на Мицкоски, Апасиев и ВМРО-ДПМНЕ, заедно со нивните истомисленици од другата страна на границата и бугарското ВМРО, да се случи хаосот на којшто работеа.

Ќе остане запаметено дека лажните патриоти од ВМРО-ДПМНЕ и заложникот на Апасиев, Христијан Мицкоски, се обидоа да го поделат народот, да го извалкаат делото на Делчев и тоа не им успеа.

Сега е важно да продолжиме по вистинскиот, европскиот пат на единство и сплотеност за државните и национални интереси. Само така може да ги оствариме нашите заеднички цели.

ИНТЕГРАЛНО СООПШТЕНИЕ ОД СДСМ

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни