Македонија

Повратот од „МојДДВ“ пристигнува до крајот на ноември – проверете ја сметката

Повратот од „МојДДВ“ пристигнува до крајот на ноември – проверете ја сметката

Граѓаните кои редовно ги скенирале фискалните сметки во апликацијата „МојДДВ“ во периодот од јули до септември годинава наскоро треба да го добијат повратот на дел од платениот данок. Исплатата за третото тримесечје од 2026 година треба да биде реализирана најдоцна до 30 ноември, иако Управата за јавни приходи сè уште не објавила точен датум кога ќе започне префрлањето на средствата.

За ова тримесечје, максималниот поврат што може да го добие еден корисник изнесува 2.100 денари. Конечната сума зависи од бројот на прифатени фискални сметки и од износот на ДДВ пресметан на нив.

Според правилата на програмата, за купени македонски производи и услуги се враќаат 20 проценти од пресметаниот ДДВ, додека за останатите производи и услуги повратот изнесува 10 проценти. Процентите се пресметуваат на износот на данокот наведен на сметката, а не на вкупната сума на купувањето.

Тоа значи дека доколку сите членови на едно четиричлено семејство ги исполнуваат условите и го остварат максималниот поврат, заедно можат да добијат до 8.400 денари.

Пред исплатата, од особена важност е корисниците да ги проверат податоците за трансакциската сметка внесени во апликацијата „МојДДВ“. Банкарските податоци треба да бидат точни и сметката да биде активна за средствата да можат непречено да бидат префрлени.

Ова особено се однесува на граѓаните кои во изминатиот период ја смениле банката или ја затвориле сметката што претходно ја користеле. Неточните или застарени податоци може да предизвикаат доцнење на исплатата.

Ноќно студио

Најнова епизода

Што се случува со „Алта банка“? Ноќно студио со Кирил Миноски

Сите епизоди →
Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни