Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција тукушто објави на вонредна прес конференција дека во разорниот земјотрес животот го загубија 76 лица.
„Заклучно со 06.30 часот локално време, во земјотресот со јачина од 7,4 степени во областа Пазарџик Кахраманмараш, животот го загубиле 76 лица, а 440 се повредени“, рекоа од Претседателство за управување со катастрофи и вонредни состојби на Турција.