Досега загинаа најмалку 90 луѓе. Неколку минути по земјотресот избувнал и пожар, се претпоставува дека се запалил гасовод.
Уништени 130 згради, а десетици повредени во епицентарот на синоќешниот земјотрес со јачина од 7,8 степени во Турција. Ова е најсилниот земјотрес во последните 100 години.
Земјотресот се случи во 4:17 часот по локално време. Епицентарот е во близина на градот Газиантеп на длабочина од речиси 18 километри. По земјотресот следеа десетици последователни потреси, некои со јачина од над 6 степени според Рихтеровата скала. Уништување е забележано во најмалку 10 градови во Турција. Се урна голем трговски центар во Дијарбакир.