Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека по земјотресот, Украина е подготвена да му ја даде потребната помош на пријателскиот турски народ.
Зеленски во изјавата на својот Твитер профил рече: „Бев шокиран од веста дека стотици луѓе ги загубија животите и беа повредени како резултат на земјотресот што се случи во Турција.
Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во моментов стоиме покрај пријателскиот турски народ и подготвени сме да ја пружиме потребната помош“, рече тој.