Свет

ЗЕМЈОТРЕСОТ ПРЕДИЗВИКА ЦУНАМИ! Италијанските власти ги повикаа граѓаните да бегаат од брегот, огромни бранови се закануваат

ЗЕМЈОТРЕСОТ ПРЕДИЗВИКА ЦУНАМИ! Италијанските власти ги повикаа граѓаните да бегаат од брегот, огромни бранови се закануваат

Властите во Италија предупредија на потенцијалниот ризик од цунами на брегот на таа земја. Официјалните лица ги повикаа граѓаните во крајбрежните области да се преселат на повисоките места и да чекаат повеќе информации од локалните власти.

Службата за мониторинг на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар за Ројтерс изјави дека го проценува ризикот од цунами.

Во соопштението објавено утрово се вели:

– Врз основа на податоците обработени од Центарот за предупредување од цунами (ЦАТ), Одделот за цивилна заштита издаде предупредување за можни бранови од цунами кои ќе стигнат до италијанскиот брег по земјотресот со јачина од 7,8 степени по Рихтер, со епицентар меѓу Турција и Сирија. Се препорачува да се држите подалеку од крајбрежните области, да стигнете до блиските повисоки места и да ги следите упатствата на локалните власти.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни