Свет

7,7 степени по Рихтер – нов земјотрес во Турција – бројот на загинати надмина 1.200 ширум Турција и Сирија

7,7 степени по Рихтер – нов земјотрес во Турција – бројот на загинати надмина 1.200 ширум Турција и Сирија

Нов силен земјотрес во Турција во 11 часот и 33 минути по македонско време. Во моментов недостапна е страница на ЕМСЦ.

Повеќе од 1.200 луѓе загинаа во Турција и Сирија по силниот земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала што рано во понеделникот ја погоди Турција, при што беа повредени илјадници други во двете земји.

Најмалку 912 лица загинаа во Турција, изјави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телевизиско обраќање во понеделник.

Во Сирија, најмалку 386 лица загинаа, вклучително 239, главно во регионите на Алепо, Хама, Латакија и Тартус, објави претходно сириската државна телевизија. Групата „Бели шлемови“, официјално позната како Сириска цивилна одбрана, исто така објави најмалку 147 смртни случаи во областите контролирани од опозицијата во северозападна Сирија.

Стотици други луѓе беа повредени по земјотресот, а 648 се ранети во Алепо, Хама, Латакија и Тартус, јави сириската државна телевизија. Други 340 повредени, исто така, беа пријавени во областите контролирани од опозицијата, додаде Белите шлемови.

Спасувачките тимови во Турција спасија над 2.400 луѓе од под урнатините на зградите срамнети со земја од земјотресот, рече Ердоган.

Во Турција, околу 9.000 лица работат во моментот на напорите за пребарување и спасување, при што се приклучуваат повеќе луѓе, додаде турскиот лидер. Не се знае уште колку луѓе има под урнатините.

Координативниот центар на турската влада е во главниот град Анкара и го води потпретседателот Фуат Октај, рече Ердоган.

Имате вест, приказна или проблем? Пишете ни